Националното собрание на Венецуела, во кој мнозинството го има партијата на претседателот Николас Мадуро, во вторник усвои закон кој предвидува максимум 20 години затвор за промовирање или финансирање на пиратство или блокади.

Законот, кој вклучува и други меѓународни злосторства, доаѓа по неодамнешните американски потези против венецуелските испораки на нафта.

Американската Крајбрежна стража заплени супертанекр кој САД го ставија под санкции кој превезуваше венецуелска сурова нафта претодно овој месец и се обиде да пресретне уште два брода поврзани со Венецуела во текот на викендот, соопштија американски претставници.

Пресретнувањата се најтешкиот удар на САД врз државната нафтена компанија PDVSA откако Министерството за финансии на САД воведе санкции врз нејзините поранешни трговски партнери, две подружници на рускиот „Росњефт“, во 2020 година, принудувајќи ја да го намали производството и извозот. PDVSA е под санкции од 2019 година, но американската компанија „Shevron“ добива дозвола од Вашингтон да ја увезува венецуелската нафта во САД.

Нацрт-законот „Закон за гарантирање на слободата на пловидба и трговија против пиратство, блокади и други меѓународни нелегални дејствија“ беше поднесен во понеделник од пратеникот од владејачкото мнозинство Џузепе Алесандрело.

Претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, на крајот од седницата изјави дека законот ќе биде испратен до извршната власт за одобрување и дека ќе стапи на сила веднаш штом ќе биде објавен во службениот весник на земјата.

Вашингтон го засили притисокот врз владата на претседателот Николас Мадуро последните месеци, вклучително и интензивирање на своето воено присуство во Карибите и убивање околу 90 луѓе во напади врз бродови за кои вели дека, без да обезбеди докази, шверцуваат дрога од нејзиниот брег.

Американските власти велат дека операциите се дел од напорите за сузбивање на избегнувањето на санкциите и трговијата со дрога. Мадуро тврди дека САД се стремат да ја поткопаат економијата на Венецуела, наместо да го спроведуваат законот, со цел да го отстранат од власт и да дојдат во посед на огромните венецуеалски наоѓалишта на нафта и природен гас, како и благородни метали и ретки земни минерали.

Родригез, исто така, ја нападна политичката опозиција на Венецуела, чија лидерка поддржана од Вашингтон и неговите западноевропски сојузници наводно се крие се месеци, но отпатува во Осло на почетокот од декември за да ја прими Нобеловата награда за мир. Тој ја обвини опозицијата која ја сочинуваат големоспоедници и едни од најбогатите луѓе во Венецуела, за поттикнување на санкциите и рече дека тие „крадат, ограбуваат и го обожаваат американскиот империјализам“, додавајќи дека се „задоволни од агресивните дејствија што моментално се случуваат во Карипското Море“.

globe

Слични новости

Зеленски сака средба со Трамп за решавање на територијални прашања

Зеленски сака средба со Трамп за решавање на територијални прашања

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара средба со својот американски колега по должност Доналд Трамп за да се разјаснат најчувствителните прашања од идниот мировен договор со Русија, како што е контролата на територијата, по последната рунда американско-украински разговори

Двајца полицајци убиени во експлозија во Москва

Двајца полицајци убиени во експлозија во Москва

Вкупно три лица загинаа во експлозија на бомба во Москва во средата, откако двајца полицајци му се приближија на човек кој се однесувал сомнително во близина на местото каде што еден висок генерал беше убиен пред два дена од автомобил-бомба за која Русија вели дека е поставена од украинското разузнавање