Во 70-та година од животот, по кратко боледување денеска почина Васил Рингов, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија.
Рингов беше фудбалер со извонреден талент и чувство за гол, репрезентативец на Македонија и поранешна Југославија.
Најуспешниот дел од својата кариера ја помина во скопски Вардар, каде што одигра повеќе од 200 натпревари во 80-тите години од минатиот век и постигна 93 голови, засекогаш впишувајќи се меѓу легендите на нашиот најтрофеен клуб.
Покрај Вардар, Рингов играше и за Тетекс и Беласица, каде што и започна да игра фудбал.
Васил Рингов играше и фудбалските тимови од поранешна Југославија – Партизан и Динамо Загреб и германскиот Ајнтрахт Брауншвајг.
Од него денеска се прости и Фудбалската репрезентација на Македонија која на својот профил на социјалните мрежи напиша: „ Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат. Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра. Почивај во мир, драг наш Васе“
Слични новости
Уапсен претседателот на Фенербахче
Претседателот на турскиот фудбалски великан Фенербахче, Садетин Саран, е приведен во Истанбул како дел од проширената истрага за дрога во која се вклучени истакнати личности од светот на забавата и медиумите
Годинава во Англија ќе има само еден натпревар на Боксинг деј
Денот после Божик, таканареќениот Боксинг деј, отсекогаш бил резервиран за многубројни натпревари од англиската Премиер лига, но годинава нема да биде така и ќе се одигра само еден натпревар Манчестер јунајтед-Њукасл.
Лука Дончиќ се опорави од повредата и ќе игра против Хјустон
Суперѕвездата на ЛА Лејкерс Лука Дончиќ се опорави од повредата и ќе игра на мечот против Хјустон Рокетс, кој е закажан за 26 декември пренесе американската телевизија ЕСПН.


