Од 20:00 часот, вчера, 21 декември 2025 година до 12:00 часот напладне денеска, 22 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна:
Откажани се следниве 3 лета во пристигнување:
Белград, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205)
Пренасочен е 1 лет во пристигнување:
Франкфурт-Хан
Откажани се следниве 5 лета во заминување:
Цирих, Белград, Атина, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205)
Сите останати, 27 летови слетаа и полетаа, односно пристигнаа и заминаа согласно планираниот ред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје за погоре наведениот период (од 20:00 часот, 21 декември 2025 година до 12:00 часот напладне денеска).
-Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија согласно своите интерни процедури има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, повторно апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанија со која треба да патуваат. Дополнително, ја известуваме јавноста и патниците дека сите капацитети на Меѓународниот Аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај. Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците, велат од ТАВ Македонија.
Промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на веб-страницата во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што стигнуваат од авиокомпаниите.
Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333.
Слични новости
Мицкоски: Владата има внатрешна мобилизација за реализација на Реформската агенда
Имаме внатрешна мобилизација на Владата и институциите, и на седум до десет денови правиме координација во мојот кабинет за да го следиме статусот на секој чекор, потребен за исполнување на Реформската агенда, истакна премиерот Христијан Мицкоск
Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи за смртта се нецелосни
Родителите на загинате во дискотекат,,Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи за причините за смрт на нивните деца не се целосни и бараат дополнителни вештачења
Спречено криумчарење на оружје од Турција во Македонија
Пратката оружје во шлепер со македонски таблички е уловена на „Капитан Андреево“, граничниот премин помеѓу Бугарија и Турција и најголемиот граничен премин во Југоисточна Европа


