Кина во ноември купи рекордно количество злато од Русија. Најголемиот износ било кога во билатералната трговија изнесува 961 милион долари, известуваат медиумите, повикувајќи се на податоците на царината на Кина.
Ова е втор месец по ред испораките на злато од Русија да бидат толку големи. Во октомври тие изнесуваа 930 нилиони долари. За споредба, во минатата година најголемата вредност на една испорака беше 223 милиони долари.
За само 11 месеци, увозот на руско злато во Кина достигна рекордни 1,9 милијарди долари, што е девет пати повеќе отколку претходната година.
Слични новости
Форбс: Пораснаа акциите на Илон Маск богаството сега му е проценето на 749 милијарди долари
Американскиот милијардер Илон Маск повторно урна рекорд и неговото богатство во моментов изнесува 749 милијарди долари, пренесе Форбс.
Стелантис повлекува 52.565 возила во САД поради проблеми со појасите и воздушните перничиња
Стелантис, матичната компанија на американскиот произведуваќ на автомобили Крајслер реши да повлече 52.565 возила во САД поради софтверска грешка која би можела да го спречи активирањето на воздушните перничиња за време на судар
Британија речиси двојно ја намали помошта за Западен Балкан во борбата против дезинформации
Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руските напади и дезинформации на Западен Балкан од 45,7 милиони евра минатата година, на 27,36 милиони евра за 2026 година.


