Фудбалерите на Јувенстус ја победија Рома во Торино со 2:1 во дербито на 16-тото коло на италијанската Серија А. Ова е втора победа во низа на Јувентус кој  се проби на петтото место на табелата со 29 бодови.

Рома досега нема ниту еден нерешен натпревар во првенството и има 10  победи и 6 порази, но она што е карактеристично за тимот на Гасперини е дека Рома е немоќна во дуелите со најсилните тимови во Италија.

Јувентус синоќа одигра најдобро откако на тренерската клупа седна Спалети и победата против Рома можеше да биде и многу поубедлива. Јувентус поведе со 2:0, а Рома во 76-тата мунута од мечот го постигна единствениот гол и конечниот резултат.

 

 

Слични новости

Манчестер јунајтед планира да се засили со Рубен Невеш и Конор Галагер во зимскиот преоден рок

Манчестер јунајтед планира да се засили со Рубен Невеш и Конор Галагер во зимскиот преоден рок

Британските медиуми пренесуваат дека Манчестер јунајтед ги следи Рубен Невеш од Ал Хилал и Конор Галагер од Атлетико Мадрид како потенцијални засилувања во јануарскиот преоден рок.

Борусија Д подобра од Борусија М

Борусија Д подобра од Борусија М

Во првиот натпревар од 15-то коло од германската Бундеслига, фудбалерите на Борусија Дортмунд, на домашен терен го победија истоимениот тим од Менхенгладбах со 2:0