Али Ахмети останува на кормилото на ДУИ и во говорот во кој наведе дека партијата се залага за унитарен карактер на државата, независно и неселективно правосудство  и за враќање на доверба во институциите предложи проширена примена на Бадентер во Собранието при избор на влада и во Уставниот суд.

Унитарната држава може да биде функционална и стабилна само доколку се темели врз довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа, рече Али Ахмети во говорот на Конгресот. 

 

Во таа насока, тој предложи три клучни мерки кои обезбедуваат правична застапеност, функционална еднаквост и општествена кохезија, во духот на Рамковниот договор од Охрид.

Секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинство од вкупниот број пратеници, туку и со мнозинство од пратениците кои ги претставуваат немнозинските заедници, а истото да важи и за Уставниот суд.

Конгресот на ДУИ доаѓа по два изборни циклуси во кои имаат поголем број на гласови од ривалот во албанскиот корпус, но останаа и надвор од владата и без градоначалнички позиции во големи општини кои ги држеа со децении. 

Слични новости

Скопје денеска втор најзагаден град во Европа

Скопје денеска втор најзагаден град во Европа

Податоците од светскиот сервис IqAir покажуваат дека Скопје утрово е рангирамо ма второ место во Европа според степенот на загаденост на воздухот, а на 20. место на листата на најзагадени градови во светот.

Денеска во Скопје Конгрес на ДУИ

Денеска во Скопје Конгрес на ДУИ

По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.