Грчките фармери решија да ги продолжат блокадите на патиштата и граничните премини во Грција секој ден од 18 до 22 часот, но најавија дека за време на божиќните празници од 23-29 декември ќе ги отворат сите наплатни рампи кои ги имаа блокирано.
Грчките земјоделци протестираат цели три недели со блокада на патиштатана кои има 9.000 трактори. Тие остануваат незадоволни од одговорите на владата на нивните барања за намалување на цената на струјата и на горивата за фармерите и инсистираат на исплата на заостанатите долговои, меѓу кои има и проневерени европски субвенции.
Нема најави дека по празниците грчките земјоделци ќе го прекинат штрајкот и блокадите.
Слични новости
Трамп патува во Мајами на американско-руските разговори за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе отпатува за Мајами каде што ќе бидат одржани американско-руските разговори за можностите за решавање на судирот во Украина, соопшти Белата куќа.
Британија речиси двојно ја намали помошта за Западен Балкан во борбата против дезинформации
Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руските напади и дезинформации на Западен Балкан од 45,7 милиони евра минатата година, на 27,36 милиони евра за 2026 година.
САД воведоа санкции против Мадуро, неговата сопруга и соработниците
Министерството за финансии на САД соопшти дека воведува санкции против седум лица поврзани со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга. Нема да дозволиме Венецуела да продолжи да ја поплавува нашата земја со смртоносни дроги, соопшти Вашингтон.


