Велика Британија ја намали финансиската поддршка за одбрана од руските напади и дезинформации на Западен Балкан од 45,7 милиони евра минатата година, на 27,36 милиони евра за 2026 година.
Фондот ИСФ кој ја поддржува борбата против сајбер напади, засилување на демократијата и независните медиуми е погоден со намалување на развојната помош од 36,37 милиони евра на 19 милиони евра, пишува „Гардијан“.
Британските експерти предупредуваат дека финансиските кратења може да го намалат регионалното лидерство на Британија во сузбивање на руското влијание и дестабилизациите.
Тие истакнуваат дека регионот е во првата линија на борбата против дезинформации и дека намалувањето на средствата не е од стратегиски интерес за Британија.
Британскиот премиер Кир Стармер неодамна го опиша регионот на Западен Балкан како „европско искушение и место каде што безбедноста на европскиот континет е ставена на тест.
Слични новости
Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите на патиштата и граничните премини
Земјоделците на одржаниот состанок со учество на претставници на над 50 блока од цела Грција, одлучија продолжување на активностите, но и заострување на блокадите и штрајковите во следните денови, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за дијалог.
„Самсунг“ претстави фрижидер со вештачка интелигенција
Компанијата „Самсунг“ на саемот во Лас Вегас го претставува новиот фрижидер со модел на вечтачка интелигенција на Гугл „Џеминај“, кој користи вградена камера за препознавање на храната внатре во фрижидерот.
Русија и испорача рекордно количество злато на Кина
Кина во ноември купи рекордно количество злато од Русија. Најголемиот износ било кога во билатералната трговија изнесува 961 милион долари, известуваат медиумите, повикувајќи се на податоците на царината на Кина.


