Министерството за финансии на САД соопшти дека воведува санкции против седум лица поврзани со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга.

 „Нема да дозволиме Венецуела да продолжи да ја поплавува нашата земја со смртоносни дроги. Мадуро и неговите криминални соучесници го загрозуваат мирот и стабилноста на нашата хемисфера. Администрацијата на претседателот Трамп ќе продолжи да се бори против мрежите што ја поддржуваат неговата нелегална диктатура“, изјави американскиот секертар за финансии Скот Бесент.

 Министерството за информации на Венецуела не ги коментираше изјавите на Бесант.Владата на Венецуела и Мадуро категорично негираат каква било криминална вмешаност и ги обвинуваат САД дека се обидуваат да го соборат владејачкиот режим и да ги преземат венецуелските нафтени полиња.

 

 

Слични новости

Економист: Европската Унија слаба и немоќна

Економист: Европската Унија слаба и немоќна

Неуспехот на ЕУ да го преземе замрзнатиот руски имот за финансирање на Украина ќе го засили ставот на Вашингтон за блокот како небитна и „немоќна сила“, пишува британскиот весник „Економист“.

Грчките фармери ќе ги деблокираат патиштата за Божикните празници

Грчките фармери ќе ги деблокираат патиштата за Божикните празници

Грчките фармери решија да ги продолжат блокадите на патиштата и граничните премини во Грција секој ден од 18 до 22 часот, но најавија дека за време на божиќните празници од 23-29 декември ќе ги отворат сите наплатни рампи кои ги имаа блокирано.