Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје ќе го одржи петтиот конгрес.
Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми на прес-конференција по локалните избори најави дека на Конгресот ќе се реорганизираат и ќе ги обноват структурите на партијата.
По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.
Слични новости
Зелен Хуман Град побара дислокација на цементарницата УСЈЕ од Скопје
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ синоќа ја обвини Цементарницата „Усје“ дека е еден од најголемите загадувачи во Скопје и поднесе иницијатива за нејзина дислокација од градот
Поради густа магла откажани сите утрински летови од скопскиот аеродром
Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел и Меминген. Откажен е летот и до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Цирих и Истанбул.
Али Ахмети останува лидер на ДУИ по Конгресот на ДУИ
Али Ахмети останува на кормилото на ДУИ и во говорот во кој наведе дека партијата се залага за унитарен карактер на државата, независно и неселективно правосудство


