Следната седмица треба да се одржи првиот состанок со странските експерти кои ќе бидат ангажирани за случајот за случајот со медицински неоправдани операции на срце кој го обелодени интервентниот кардиолог Сашко Кедев.
„Процедурите од наша страна се поминати. Пратени се кај нив. Во моментов се преведуваат сите материјали на англиски јазик. Материјалот е обемен и ценам дека првата средба која ќе биде онлајн ќе се одржи наредната недела. Не сакам да прецизирам ден затоа што треба да се кородинираат вкупно 20 луѓе“, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство.
Кедев пред неколку месеци обелодени дека некои болници вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и непотребни стентирања. По ова беше формирана интерна комисија, но и комисија од тројца странски експерти.
На прес-конференција во ноември, министерот Алиу и членовите на домашната комисија информиаа дека од дотогаш пристигнатите 25 пријави за сомнителни случаи, кои се пријавени од граѓани и од медицински институции, комисијата анализирала 19, а за 10 пациенти било утврдено дека непотребно биле упатени на васкуларни интервенции.
Слични новости
ГАК: Обдукцијата на новороденчето покажа дека причината за смртта е незрелост на белодробието
Обдукцијата на новороденчето што почина на Клиниката за гинекологија и акушерство покажала дека причината за смртта е незрелост на белодробието
Нека одлучи Уставниот суд, смета Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја поднесената претставка на СДСМ за изгласаната Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, истакна дека тој нема да коментира и остава Уставниот суд да донесе одлука за оваа иницијатива
СДСМ: Уставниот суд да ја укине неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор
Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна ниту случајна, соопшти СДСМ, оценувајќи дека станува збор за опасен обид за директен удар врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата


