Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја остава отворена можноста за војна со Венецуела, според интервју за телевизијата NBC објавено во петокот.

„Не ја исклучувам“, изјави Трамп за NBC News во телефонско интервју.

Трамп, исто така, рече дека ќе има дополнителни запленувања на танкери за нафта во близина на венецуелските води, според објавеното интервју.

Во вторникот Трамп нареди „блокирање“ на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела, во најновиот потег на Вашингтон за зголемување на притисокот врз владата на Николас Мадуро, насочен кон нејзиниот главен извор на приходи.

Белата куќа не одговори веднаш на барањето на Reuters за коментар.

Во вторникот Трамп, исто така, објави дека владата на венецуелскиот претседател Мадуро е прогласена за „странска терористичка организација“.

Нафтата е главен извор на приход за Каракас. Под ембарго од 2019 година, Венецуела ја продава својата нафта на црниот пазар по значително пониски цени, особено на Кина.

Трамп претходно го обвини режимот на Мадуро дека користи нафта за финансирање на „наркотероризам, трговија со луѓе, убиства и киднапирања“.

globe

Слични новости

Францускиот парламент не постигна договор за буџетот за 2026 година

Францускиот парламент не постигна договор за буџетот за 2026 година

Француските пратеници не успеаја во петогот да постигнат компромисен закон за буџетот за 2026 година, според кој намалувањето на јавните трошоци ќе продолжи во новата година и ќе се гласа за итен привремен буџет додека не се донесе вистински

Путин не покажува знаци за компромис за Украина на годишната прес-конференција

Путин не покажува знаци за компромис за Украина на годишната прес-конференција

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека условите на Русија за завршување на војната во Украина остануваат непроменети од оние поставени во јуни 2024 година, недавајќи никаков знак за компромис додека Вашингтон се обидува да преговара за крај на конфликтот