Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, покажуваат податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година)“, се нагласува во соопштението.
Среднодневните концентрации на PM10 на мерното место Центар на 17 декември изнесувале 151.78, на 18 декември 186.49, Во Гази Баба на 17 декември 156.55, на 18 декември 178.92, во Карпош на на 17 декември 152.69, на 18 декембри 180.87, Лисиче на 17 декември 232.26, на 18 декември 266.60, Ректорат на 17 декември 179.25, на 18 декемри 186.70.
Согласно настанатата состојба за мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат важат следните мерки:
„- Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола
-Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати
-Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци
-Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила
-Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата
-Забрана на горење на отворено
-Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар
-Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот
– Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
Слични новости
ГАК: Обдукцијата на новороденчето покажа дека причината за смртта е незрелост на белодробието
Обдукцијата на новороденчето што почина на Клиниката за гинекологија и акушерство покажала дека причината за смртта е незрелост на белодробието
Нека одлучи Уставниот суд, смета Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја поднесената претставка на СДСМ за изгласаната Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, истакна дека тој нема да коментира и остава Уставниот суд да донесе одлука за оваа иницијатива
Идната седмица првиот состанок со странските експерти за случајот што го обзнани интервентниот кардиолог Кедев
Следната седмица треба да се одржи првиот состанок со странските експерти кои ќе бидат ангажирани за случајот за случајот со медицински неоправдани операции на срце кој го обелодени интервентниот кардиолог Сашко Кедев


