Утринава во Денвер беше испишана нова историја во НБА лигата со асистенцијата на Никола Јокиќ до Џејлен Пикет која беше негова 5661-ва во кариерата со што го претекна легендарниот Карим Абдул Џабар и стана центар со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата.

Кариерата на Џабар траеше двојно повеќе од онаа на Јокиќ, па се претпоставува дека Јокиќ ќе стаса до недостижен рекорд во број на асистенции за центар.

Лидерот на Нагетси Никола Јокиќ утринава го предводеше својот тим до шеста победа во низа против Орландо со нов трипл-дабл 23 коша, 13 асистенции и 11 скокови.

Најефикасен во победата на Денвер беше Џамал мари со 32 коша, од кои 20 во втората четвртина кога Денвер направи недостижна предност.

Слични новости

Коубек нов чешки селектор

Коубек нов чешки селектор

Чешката фудбалска асоцијација во петокот објави дека Мирослав Коубек е назначен за селектор на Чешка, која ќе игра во квалификациите за Светското првенство 2026 во март