Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи учествуваше на 11-тата сесија на Конференцијата на државите членки на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (COSP11), која се одржува во Доха.

Фетаи, како што информира неговиот Кабинет, се обрати на панел-дискусијата посветена на сеопфатните антикорупциски стратегии во Југоисточна Европа, при што истакна дека антикорупциските политики и стратегии можат да обезбедат одржливи резултати само доколку се поддржани од силно владино лидерство, ефикасна институционална координација и активно учество на граѓанското општество.

Во своето излагање Фетаи, како  што се наведува, нагласи дека стратешките документи имаат суштинска вредност единствено доколку се преточат во конкретни механизми за имплементација, следење и отчетност, со што фокусот се пренасочува од формални заложби кон мерливи и конкретни резултати.

Осврнувајќи се на искуствата на Република Македонија, тој ја потенцираше важноста на пристапите базирани на податоци, дигитализацијата на процесите и институционалната транспарентност како клучни алатки за намалување на ризиците од корупција и за зајакнување на јавната доверба во институциите.

Учеството на вицепремиерот Фетаи на COSP11 претставува дел од континуираните меѓународни активности на Владата на Република Македонија насочени кон унапредување на доброто владеење, зајакнување на институционалниот интегритет и продлабочување на регионалната и меѓународната соработка во борбата против корупцијата.

globe

Слични новости

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Собранието изгласа повеќе закони, меѓу кои и од пакетот за „Безбеден град“

Собранието изгласа повеќе закони, меѓу кои и од пакетот за „Безбеден град“

Собранието во попладневниот дел на 76. седница без расправа со по 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“

Муцунски: Нашето место е во Брисел, жално е што се соочуваме со билатерални блокади

Муцунски: Нашето место е во Брисел, жално е што се соочуваме со билатерални блокади

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денес престојува во работна посета на Брисел