Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот се закани со широк спектар противмерки против давателите на услуги од Европската унија, вклучувајќи можни такси или ограничувања, доколку компаниите продолжат со она што USTR го нарече „дискриминаторски“ практики.

Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR) во објава на X ја обвини ЕУ и некои од нејзините земји-членки за „дискриминаторски и вознемирувачки тужби, даноци, казни и директиви против американските услуги“, додека истовремено истакна дека давателите на услуги од ЕУ „слободно работат“ во САД, наведувајќи ги меѓу другите Accenture, DHL, Siemens и Spotify.

„Доколку ЕУ и нејзините земји-членки инсистираат на продолжување на ограничувањето и спречувањето на конкурентноста на американските даватели на услуги преку дискриминаторски средства, САД нема да имаат друг избор освен да ги користат сите алатки што им се на располагање за да се спротивстават на овие неразумни мерки“, напиша USTR.

Заканата дојде откако регулаторите на ЕУ ѝ изрекоа казна на платформата за социјални медиуми X на Илон Маск претходно овој месец.

„Доколку се неопходни противмерки, американскиот закон дозволува, меѓу другото, проценка на надоместоци или ограничувања за странски услуги“, се вели во соопштението на USTR.

Европската комисија го казни X со 120 милиони евра за наводно кршење на правилата за транспарентност според Законот за дигитални услуги.

Два дена подоцна, социјалната мрежа ја суспендираше рекламната сметка на Европската комисија, поради објава што „ги заведува корисниците да мислат дека станува збор за видео и вештачки го зголемува нејзиниот досег“. Сметката на Европската комисија е сè уште видлива, како и нејзините објави.

Притоа, сопственикот на Х, Илон Маск ја спореди ЕУ со нацистичка Германија обвинувајќи ја дека барала да блокира одредени профили, во прв ред на крајно десни партии и оние кои промовираат конзервативни вредности.

ЕУ тврди дека казната е изречена затоа што платформата ги довела во заблуда корисниците, ги сокрила податоците од истражувачите и не успеала транспарентно да ги документира рекламите.

Трамп претходно ја критикуваше казната што ја изрекоа технолошките регулатори на ЕУ на Платформата X. „Европа се движи во погрешна насока“, порача американскиот претседател.

globe

Слични новости

САД го прогласија венецуелскиот режим за странска терористичка организација

САД го прогласија венецуелскиот режим за странска терористичка организација

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник објави дека режимот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро е прогласен за странска терористичка организација и нареди целосна блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела

Кабинетот на Стармер: Тужбата од Трамп е прашање на самиот BBC

Кабинетот на Стармер: Тужбата од Трамп е прашање на самиот BBC

Кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер во вторникот соопшти дека секоја правна постапка против BBC е прашање на самиот радиодифузер, нагласувајќи дека владата ја поддржува неговата независност, по тужбата од американскиот претседател Доналд Трамп