Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ, на седницата во вторникот вечерта на Централниот одбор на СДСМ. Како што соопшти претседателот на партијата Венко Филипче на прес-конференција по завршувањето на седницата на Централниот одбор, генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски.

На оваа седница се избрани и членови на Извршниот одбор, а формиран е и советодавен совет на партијата кој ќе го предводи поранешната потпретседателка на партијата Ана Чупевска.

Членови на Извршниот одбор, според Филипче, се дел млади дел искусни членови на партијата, а искусните, како што нагласи, ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите.

– Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна, криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. И не сме сами. На денешниот состанок се продискутираа многу аспекти, ја шириме нашата платформа повикуваме многу граѓански организации, независни поединци, интелектуалци… Го формиравме и советот на партијата кој ќе има улога и во тој дел да привлекува слободоумни луѓе кои ги делат нашите вредносни политики и поради тоа што Нашиот фронт кој го објавуваме вечерва постепено и сигурно ќе расте затоа што ние се спремаме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните – рече на прес-конференцијата Филипче.

Ние сме тие, рече претседателот на СДСМ, кои „ќе стават крај на политиката на изолацијата на државата од Европа и кои ќе стават крај на корупцијата и криминалот, но и на предавството на нашата земја преку проектот мигранти за пари.

Во Извршниот одбор, меѓу другите, се Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ.

Според претходните најави на Филипче, Фани Каранфиловска Пановска ќе остане заменик-претседател, додека нејзината оставка треба да ја констатира Конгресот. Со овие избори, СДСМ има комплетно обновено раководство кое ќе ги води партиските активности и иницијативи во наредниот период.

globe

Слични новости

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Собранието изгласа повеќе закони, меѓу кои и од пакетот за „Безбеден град“

Собранието изгласа повеќе закони, меѓу кои и од пакетот за „Безбеден град“

Собранието во попладневниот дел на 76. седница без расправа со по 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“

Муцунски: Нашето место е во Брисел, жално е што се соочуваме со билатерални блокади

Муцунски: Нашето место е во Брисел, жално е што се соочуваме со билатерални блокади

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денес престојува во работна посета на Брисел