Прелиминарниот извештај на Лајбницовиот економски центар за европски економски истражувања покажува дека очекувањата на инвеститорите се дека се подобрени изгледите на германската и економијата во еврозоната, но закрепнувањето на економиите и натаму е несигурно.

Вредноста на индикаторите кои ги мерат очекувањата за иднината на германската економија се значително подобрени и изнесуваат 45,8 поени, што е за 7,3 поени повеќе отколку во минатиот месец.

Подобрувањето е особено изразено во германската автомобилска индустрија, каде што вредноста на индексот порасна за 7,7 насто, а нешто помалку во хемиската, фармацевтската и металопреработувачката индустрија.

Слични новости

Шпекулациите за договор за Украина ги спуштија цените на нафтата на 59 долари

Шпекулациите за договор за Украина ги спуштија цените на нафтата на 59 долари

Цените на нафтата паднаа на 59 долари на меѓународните пазари во вторникот, поради знаците за забавување на потрошувачката во Кина и проценките за подобрени изгледи за постигнува мировен договор во Украина, што би можело да го отвори патот за укинување на санкциите врз руската нафта

„Ford“ отпишува 19,5 милијарди долари во делот со електрични возила

„Ford“ отпишува 19,5 милијарди долари во делот со електрични возила

Американскиот автомобилски гигант „Ford“ објави дека ќе отпише околу 19,5 милијарди долари од своето непрофитабилно работење со електрични возила, што сигнализира поместување на фокусот на производството кон хибридни модели, особено во сегментот на пикапи