Јужната команда на САД во понеделникот соопшти дека извршила напади врз три пловила во меѓународни води, при што загинале осум мажи.
„Разузнавањето потврди дека бродовите транзитирале по познати рути за шверц на наркотици во источен Пацифик и се занимавале со шверц на наркотици“, соопшти војската на X.
САД нападнаа повеќе од 20 пловила во Тихиот Океан и Карипското Море во близина на Венецуела, како дел од воената кампања што ја започна претседателот Доналд Трамп наводно против шверцот на дрога од регионот. Најмалку 90 осомничени шверцери на дрога се убиени во тие напади.
Користењето на војската за напад врз бродови наводно осомничени за транпсот на дроги претставува остра промена од начинот на кој САД историски се справувале со нив. Администрацијата на Трамп се обиде да ја одбрани законитоста на нападите, за кои некои правни експерти велат дека претставуваат нелегални вонсудски убиства.
„Нашите операции во регионот Саутком се законски според американското и меѓународното право, а сите дејствија се во согласност со Законот за вооружен конфликт“, изјави портпаролот на Пентагон, Кингсли Вилсон, за новинарите претходно овој месец.
Нападите се сметаат за претходник на копнените напади на САД врз Венецуела, за кои Трамп рече дека наскоро ќе започнат.
Слични новости
Темна статистика на Блискиот исток: саудиска Арабија погуби 340 луѓе во 2025
Саудиска Арабија за време на 2025 постави нов неславен рекорд според бројот на извршени смртни казни, погубувајќи 340 луѓе, пренесе агенцијата Франс прес, повикувајќи се на официјални извештаи на садуските власти.
Трамп го тужи BBC, бара 10 милијарди долари отштета
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникoти го тужеше британскиот редиодифузер BBC за клевета поради изменети извадоци од говори поради коишто се чини дека ги упатил своите поддржувачи да упадната во американскиот Капитол, отворајќи меѓународно бојно поле во борбата против медиумските извештаи што ги смета за невистинит или неправедно
Европски лидери: Мировници предводени од Европа да бидат вклучени во гаранциите за Украина
Одлуките за потенцијални украински територијални отстапки можат да ги донесат само народот на Украина и само откако ќе бидат воспоставени силни безбедносни гаранции, кои треба да вклучуваат мултинационални сили предводени од Европа, изјавија европските лидери во заедничка изјава по состанокот во Берлин во понеделник.


