Поранешниот американски фудбалски репрезентативец Мајкл Бредли е новиот тренер на МЛС прволигашот Њујорк Ред Бул.

Триесет иосумгодишнио Бредли одигра 20 сезони во МЛС и водечките европски лиги. Својата играчка кариера ја започна во Њујорк, кој тогаш се викаше МетроСтарс. За време на својата кариера, играше за Рома, Киево, Астон Вила и Борусија Менхенгладбах, а кариерата ја заврши во Торонто во 2023 година. Забележа 151 настап за американската репрезентација и постигна 17 голови.

Својата тренерска кариера ја започна како помошник тренер на својот татко, Боб Бредли, во норвешки Стабек, потоа го водеше вториот тим на Њујорк Ред Булс, а сега го презема првиот тим.

„Одушевен сум што имам можност да бидам главен тренер на клубот каде што ја започнав мојата професионална кариера“, рече Бредли.

„Мајкл имаше исклучителна играчка кариера и покажа светла иднина како тренер“, додаде спортскиот директор Хулијан де Гузман.

Бредли ќе го наследи Германецот Сандро Шварц, кој ја водеше првата екипа од декември 2023 година.

globe

Слични новости