Триесет и пет земји ќе се натпреваруваат на следниот Евровизиски натпревар во Виена, објави во понеделникот Европската радиодифузна унија (EBU), по одлуката на голем број земји да го бојкотираат настанот откако на израелски учесник му беше дозволено да учествува.

EBU го отвори патот за учество на Израел претходно овој месец со заобиколување на прописите, и покрај повиците земјата да биде исклучена од Евровизискиот натпревар поради нејзината војна во Појасот Газа. Како одговор, радиодифузерите од Шпанија, Холандија, Ирска, Словенија и Исланд објавија дека ќе го бојкотираат следното издание, додека три земји – Романија, Бугарија и Молдавија – ќе се вратат на Евровизискиот натпревар по неколку години отсуство.

Триесет и седум земји се натпреваруваа за гласовите на жирито и јавноста на годинешниот натпревар во Базел.

Натпреварот останува „место каде што се испреплетуваат гласови, култури, јазици и музика“, рече директорот на EBU, Мартин Грин, додавајќи дека токму таму „луѓе од различни средини можат да покажат дека подобар свет е можен во денешниот тежок начин на живот“.

Евровизија со седмици беше во центарот на вниманието поради острата дебата за учеството на Израел на натпреварот. Земјите кои се противат на учеството на Израел бараа да се примени принципот според кој од Евросонгот беа исклучни Белорусија во 2020 година и Русија во 2022 година.

Минатата седмица швајцарскиот победник на Евровизискиот натпревар за песна во 2024 година, Немо, изјави дека го враќа трофејот во знак на протест против учеството на Израел на следниот настан, наведувајќи ги воените акции на Израел во Газа.

EBU и австрискиот домаќин ORF постојано нагласуваат дека Евровизискиот натпревар не треба да биде политички.

Виена е домаќин на натпреварот по третат по 1967 и 2015 година, а финалето се одржи на 16 мај.

globe

Слични новости

Илон Маск стана прв човек во историјата со имот вреден повеќе од 600 милијарди долари

Илон Маск стана прв човек во историјата со имот вреден повеќе од 600 милијарди долари

Растот на богатството на Маск е поврзан со проценката на вредноста на неговата компанија за ракети Спејс Икс, која неодамна беше проценета на 800 милијарди долари, во однос на 400 милијарди долари во август.

Синот на Роб Рајнер уапсен за убиство на родителите, се борел со зависност

Синот на Роб Рајнер уапсен за убиство на родителите, се борел со зависност

Режисерот Роб Рајнер долго време се мачел со тоа како да го заврши филмот инспириран од долгогодишната борба на неговиот син Ник со зависноста од хероин и влијанието на неговата злоупотреба на дрога врз неговото семејство