На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите.
Сѐ уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница на дневен ред ќе биде ставено неговото разрешување, но таа би требало да му биде доставена во текот на денов.
До крајот на декември се очекува да се одржат четири пленарни седници. На 23 декември пред пратениците годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на 25 декември треба да се одржи седница за пратенички прашања.
Гаши на средбата со новинарите посочи и дека останува да бидат донесени уште два закона за да се заокружи Реформската агенда, а тоа се Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет.
Слични новости
Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини
Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
Собранието изгласа повеќе закони, меѓу кои и од пакетот за „Безбеден град“
Собранието во попладневниот дел на 76. седница без расправа со по 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“
Муцунски: Нашето место е во Брисел, жално е што се соочуваме со билатерални блокади
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денес престојува во работна посета на Брисел


