Утре ќе биде познато новото раководство на СДСМ, најави партискиот лидер Венко Филипче. На негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство.
Филипче вчера во изјава за централниот дневник на „Сител“ рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и дека тоа ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе.
„Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри“, изјави Филипче додавајќи дека отвараат широк фронт со граѓаните, политичките чинители и граѓанскиот сектор за да се стави крај, на како што рече, криминалната власт.
Слични новости
Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ, избрани и нови членови на ИО
Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ на седницата на Централниот одбор на СДСМ во вторникот вечерта. Како што соопшти претседателот на партијата Венко Филипче на прес-конференција по завршувањето на седницата на Централниот одбор, генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски
Агелер: Без разлика на преговорите за членство во ЕУ, реформите треба да продолжат
Без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план. Тоа го порача вечерва американската амбасадорка во државава Анџела Агелер, зборувајќи за македонските евроинтеграции во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител
Тошковски: Во тест периодот од половина месец на „Безбеден град“ намален бројот на повредени во сообраќајните несреќи
Мора да се почне со имплементацијата на проектот „Безбеден град“, ќе ги решаваме сите проблеми, кои ќе произлезат во иднина. Мора да почнеме, имаме 145 жртви, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на собраниската говорница во одговор на прашање од пратеникот Илир Хасани од Европски фронт


