На европските берзи, цените на акциите пораснаа во речиси сите главни сектори во понеделник во претпладневното тргување, со што ги надоместија сите загуби од минатата седмица.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,4 отсто во првиот пресек од тргувањето и се движи блиску до рекордни нивоа. Индексот FTSE во Лондон порасна за 0,45 отсто на 9.690 поени, додека DAX во Франкфурт порасна за 0,30 отсто на 24.258 поени, а CAC во Париз за 0,29 отсто на 8.095 поени.
Во последните моменти од тргувањето во петокот, индексот STOXX 600 падна „во црвено“ на седмична основа, бидејќи инвеститорите беа загрижени за остриот пад на цените на акциите на технолошките компании на Волстрит.
Сепак, европските пазари се опоравуваат од утрово, при што цените на акциите пораснаа во 19 од 20-те најважни сектори. Банкарскиот и енергетскиот сектор пораснаа најмногу, за повеќе од 1 отсто.
Инвеститорите оваа седмица ќе се фокусираат на последните седници на голем број централни банки оваа година. Се очекува централната банка на Јапонија да ги зголеми каматните стапки за 0,25 отстотни поени поради зголемената инфлација, додека централната банка на Англија би можела да ги намали за ист износ. Дополнително, се очекува Европската централна банка да ги задржи каматните стапки на сегашните нивоа, како и шведските и норвешките централни банки.
Цените на акциите паднаа на азиските берзи. Индексот MSCI Азиско-пацифички регион, без јапонските акции, се намали за 1 отсто во истиот термински пресек какои во Европа. Во меѓувреме, цените на акциите во Шангај, Индија, Австралија, Хонгконг, Јапонија и Јужна Кореја паднаа за меѓу 0,1 и 1,8 отсто.
Како и на Волстрит на крајот од минатата седмица, технолошките акции се под најголем притисок. Овие акции силно пораснаа оваа година, но значително флуктуираа во последните недели бидејќи инвеститорите стравуваат дека развојот на вештачката интелигенција нема да доведе до толку брз раст на профитот како што се надеваа.
До неодамна, инвеститорите ги наградуваа сите инвестиции во развојот на вештачката интелигенција со купување акции на технолошки компании, па нивните цени растеа. Сега тие стравуваат дека растот на долгот може да доведе до презадолженост, како што беше пред пукањето на „меурот“ во таканаречената криза „dot.com“ на почетокот на овој век.
Инвеститорите од утрово се фокусирани и на послабите од очекуваните макроекономски податоци од Кина. Во ноември, малопродажбата порасна за само 1,3 отсто, на годишна основа, значително побавно од растот од 2,9 отсто претходниот месец. Индустриското производство, од друга страна, порасна за 4,8 отсто на годишна основа, побавно од растот од 4,9 отсто во октомври и помалку од очекуваното.
Слични новости
ЕУ ја ублажува регулативата за бензинските и дизел моторите
Европската Унија предложи ублажувања на правилата за еимисии на издувните гасови за новите возила, со што се откажа од планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035.
Смарт телефоните би можеле да поскапат за 7 насто во 2026 поради недостиг на чипови
Прогнозата е значително променета во однос на претходните проекции кои најавуваа раст на цените на смарт телефоните за 3,6 насто, пренесува телевизијата Си Ен Би Си.
Очекувањето на инвеститорите за економската ситуација во Германија подобрени
Вредноста на индикаторите кои ги мерат очекувањата за иднината на германската економија се значително подобрени и изнесуваат 45,8 поени, што е за 7,3 поени повеќе отколку во минатиот месец.


