На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути дополнително благо падна, откако минатата седмица се лизна за 0,6 отсто.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово е околу 98,37 поени, додека во петокот навечер беше 98,40 поени.
Девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 155,80 на 155,40 јени.
Сепак, американската валута малку зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1735 долари, додека во петокот навечер беше 1,1740 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа, откако минатата седмица потонаа за повеќе од 4 отсто. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово порасна за 0,54 отсто, на 61,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,52 отсто, на 57,75 долари.
Слични новости
ЕУ ја ублажува регулативата за бензинските и дизел моторите
Европската Унија предложи ублажувања на правилата за еимисии на издувните гасови за новите возила, со што се откажа од планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035.
Смарт телефоните би можеле да поскапат за 7 насто во 2026 поради недостиг на чипови
Прогнозата е значително променета во однос на претходните проекции кои најавуваа раст на цените на смарт телефоните за 3,6 насто, пренесува телевизијата Си Ен Би Си.
Очекувањето на инвеститорите за економската ситуација во Германија подобрени
Вредноста на индикаторите кои ги мерат очекувањата за иднината на германската економија се значително подобрени и изнесуваат 45,8 поени, што е за 7,3 поени повеќе отколку во минатиот месец.


