Германскиот канцелар Фридрих Мерц во саботата вечерта направи остра паралела помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и Адолф Хитлер, предупредувајќи дека амбициите на Кремљ нема да застанат на Украина, пишува Politico.
Зборувајќи на партиската конференција на Христијанско-социјалната унија во Баварија, која е тесно поврзана со неговата Христијанско- демократска унија, Мерц потсети на историскиот договор со кој сојузниците му ја предадоа Судетската област на нацистичкиот лидер.
„Исто како што Судетската област не беше доволна во 1938 година, Путин нема да застане“, рече Мерц, додавајќи дека Хитлер ја продолжил својата експанзија во Европа и потоа.
„Ако Украина падне, тој нема да застане тука“, нагласи германскиот канцелар. „Ова е агресивна војна на Русија против Украина – и против Европа“.
Според него, целта на Путин е „фундаментална промена на границите во Европа, обновување на стариот Советски Сојуз во неговите граници“.
Оваа изјава доаѓа во време на зголемени дипломатски активности. Мерц, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, ги предводи европските напори за зајакнување на поддршката за Киев. Германски, британски и француски претставници изминатиов викенд разговараа за предлози за прекин на војната, пред денешниот клучен состанок на лидерите.
Истовреме, американскиот претставник Стив Виткоф вчера се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого Мерц денеска ќе го угости во Берлин.
Се подготвува и мировен план од 20 точки поддржан од САД, кој, според достапните информации, вклучува територијални отстапки од украинска страна. Еден од предлозите што се дискутира е регионот Донбас да стане зона на слободна трговија каде што американските компании би можеле слободно да работат.
Слични новости
САД извршија напади врз три пловила во источен Пацифик
Јужната команда на САД во понеделникот соопшти дека извршила напади врз три пловила во меѓународни води, при што загинале осум мажи
Европски лидери: Мировници предводени од Европа да бидат вклучени во гаранциите за Украина
Одлуките за потенцијални украински територијални отстапки можат да ги донесат само народот на Украина и само откако ќе бидат воспоставени силни безбедносни гаранции, кои треба да вклучуваат мултинационални сили предводени од Европа, изјавија европските лидери во заедничка изјава по состанокот во Берлин во понеделник.
ЕУ воведува дополнителни санкции поради хибридните активности на Русија
Европските министри за надворешни работи во понеделник усвоија нови санкции против дванаесет физички и две правни лица поради хибридните активности на Русија.


