Во последниот натпревар од 16-то коло од англиската Премиер лига во неделата, Брентфорд и Лидс Јунајтед во Лондон одиграа нерешено 1:1. Џордан Хендерсон му донесе водство на домашниот тим во 70. минута. Доминик Клајверт-Луин го постигна израмнувачкиот гол за Лидс во 82. минута.
Брентфорд е на 14-то место со 20 бода, додека Лидс Јунајтед е на 17-то место со 16 бода, први над зоната за испаѓање.
Екипите од врвот на табелата остварија победи во ова коло, па редоследот и разликата во бодовите не се променети. Водечкиот Арсенал има 36 бода, по него следуваат Манчестер Сити со 34 и Астон Вила со 33 бода.
Манчестер Сити го победи Кристал Палас со 3:0 на гостински терен, заостанувајќи и натаму два бода зад лидерот Арсенал. Ерлинг Халанд постигна два гола, првиот во 41. минута од игра и последниот во 89. минута од пенал. Фил Фоден исто така беше прецизен во 69. минута.
И Арсенал и Манчестер Сити имаат по 11 победи, но „Топџиите“ претрпеа два пораза помалку, па имаат 36 бода, додека тимот на Пеп Гвардиола има 34.
Астон Вила се врати од негативата и дојде до победа на гостински терен кај Вест Хем Јунајтед и останува три бода зад Арсенал. На полувремето, домашниот тим водеше со 2:1 со головите на Матеус Фернандес во 1. и Џарод Бовен во 24. минута, а Астон Вила го постигна голот кога домашниот стопер Константинос Мавропанос ја погоди сопствената мрежа во 9. минута. Во вториот дел, победата на тимот од Бирмингем ја донесе Морган Роџерс со головите во 50.и 79. минута.
Нотингем Форест го победи Тотенхем убедливо со 3:0 пред своите навивачи. Двоен стрелец беше Калум Хадсон-Одои во 28. и 50. минута, а конечниот резултат го постави Ибрахим Сангаре во 79. минута.
Сандерленд го победи Њукасл Јунајтед минимално со 1:0, иако единствениот стрелец на натпреварот беше централниот напаѓач на гостите, Ник Волтемаде. Во првата минута од второто полувреме, високиот Германец се обиде со глава да ја расчисти ситуацијата пред сопствениот гол, но ја испрати топката во сопствената мрежа. Сандерленд се најде на седмата позиција со 26 бода, а Њукасл е на 12-то место со 22 бода.
Слични новости
Бекот на Њукасл Јунајтед скрши ребро и го проби белодробното крило
Дефанзивецот на Њукасл Јунајтед, 33-годишниот Ден Берн, ќе биде надвор од терените извесно време откако скрши ребро и го проби белодробното крило во неделниот пораз од Сандерленд (0:1)
Тотенхем размислува за промена на тренерската клупа, се споменува Чави Ернандез
Раководството на Тотенхем е незадоволно од резултатите и играта и размислува за промена на тренерската клупа, објавија британските медиуми
Лејкерс славеа во Феникс
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостински терен против Феникс Санс со 116:114 и го задржаа четвртото место на Западот


