Во натпреварот од 14-то коло од германското фудбалско првенство, Баерн во Минхен одигра 2:2 против последнопласираниот Мајнц.
Ленарт Карл им донесе водство на Баварците во 29. минута, Кацпер Потулски израмни во судиското продолжение на првото полувреме, а Ли Џе-Сунг им донесе водство на гостите во 67. минута. Конечните 2:2 ги постави Хари Кејн од пенал во 87. минута.
Баерн сега води на табелата со 38 бода, додека Мајнц е на последното, 18-то место со седум бода.
Во претходниот натпревар, Фрајбург и Борусија Дортмунд одиграа 1:1. Екипата од Дормтунд поведе во 31. минута со голот на Рами Бенсебаини, но гостите останаа со играч помалку во 53. минута откако Џоуб Белингам беше исклучен. Помладиот брат на ѕвездата на Реал, Џуд Белингам, „порвене“ откако невнимателно направи фаул како последен одбранбен играч, соборувајќи го Филип Трој.
Фрајбург успеа да израмни во 75. минута со голот на Лукас Холер. Фрајбург постигна втор гол во последните минути, но голот на хрватскиот напаѓач Игор Матановиќ беше поништен поради офсајд.
Борусија сега е трета со 29 бода, исто колку и Лајпциг на второто место. Фрајбург е деветти со 17 бода.
Слични новости
Тотенхем размислува за промена на тренерската клупа, се споменува Чави Ернандез
Раководството на Тотенхем е незадоволно од резултатите и играта и размислува за промена на тренерската клупа, објавија британските медиуми
Лејкерс славеа во Феникс
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостински терен против Феникс Санс со 116:114 и го задржаа четвртото место на Западот
Рекорд на Баерн во Бундеслигата
Екипата на Баерн Минхен го постигна својот 50. гол вчеравечер во ремито 2:2 со Мајнц во 14. коло од германската Бундес лига.


