На светските пазари, американскиот долар падна во однос на кошничката валути минатата седмица, трата по ред, бидејќи американската централна банка ги намали клучните каматни стапки по третпат оваа година.

Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на шесте главни светски валути, падна за 0,6 осто минатата седмица, на 98,40 поени, близу до најниското ниво за два месеца.

Во исто време, доларот ослабе за 0,8 отсто во однос на европската валута, така што курсот на еврото достигна 1,1740 долари, највисоко ниво за повеќе од два месеца. Американската валута, пак, зајакна во однос на јапонскиот јен, за 0,3 отсто, така што цената на доларот достигна 155,80 јени.

На долгоочекуваниот состанок, челнциите на Fed во средата одлучија да ги намалат каматните стапки за уште 0,25 отстотни поени, во опсегот од 3,50 до 3,75 отсто. Третото намалување на каматните стапки од септември беше широко очекувано од пазарот, како и очекувањето дека Федералните резерви ќе продолжат да ја олабавуваат монетарната политика следната година.

Сепак, според претставниците на Федералните резерви, каматните стапки ќе бидат намалени само еднаш следната година за 0,25 процентни поени, бидејќи инфлацијата останува далеку над целното ниво од околу 2 отсто. Од друга страна, претставниците на Федералните резерви ги зголемија своите проценки за економскиот раст на САД следната година од 1,8 на 2,3 отсто, а исто така проценуваат дека стапката на невработеност ќе биде 4,4 отсто на крајот од следната година.

На прес-конференција, претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, не откри дали каматните стапки наскоро ќе бидат дополнително намалени, но инвеститорите очекуваат дека тоа ќе се случи, со оглед на тоа што Пауел нагласи дека постои значителен ризик за пазарот на трудот и дека централната банка не сака да ја забави вработеноста со својата монетарна политика.

Доларот падна за 1,1 процент во однос на кошничката валути од почетокот на декември и за повеќе од 9 отсто од почетокот на годината, на пат кон најголемата годишна загуба од 2017 година.

„Доларот падна оваа недела и беше во минус во првиот дел од декември. Дали тоа се должи на намалувањето на каматната стапка од страна на Fed? Да, делумно“, рече Боб Севиџ, стратег во BNY.

globe

Слични новости

Цените на нафтата пораснаа на 60 долари

Цените на нафтата пораснаа на 60 долари

Цените на нафтата се искачија на 60 долари на меѓународните пазари во средата, што ја одразува нервозата на трговците кои се обидуваат да ги проценат можните последици од американската блокада на санкционираните танкери што се упатуваат кон Венецуела

Германската потрошувачка на енергија стагнира годинава

Германската потрошувачка на енергија стагнира годинава

Потрошувачката на енергија во Германија ќе остане на минатогодишното ниво во 2025 година, со намалена побарувачка во хемиската индустрија и зголемено греење поради пониските температури, проценува група производители и специјализирани институти (AGEB)