Владата на јужна Кореја претстави амбициозен план за вложување на над 5,3 милијарди евра во формирање на најголемиот регионален кластер за напредни чипови и вештачка интелигенција.
Корејскиот претседател Ли Џе Мјунг порача дека државата ќе стори се за да ја доближи земјата до врвот на глобалната индустрија на полупроводници. Тој имаше состанок со 40-ина лидери на технолошки компании во Сеул и најави дека владата подготвува конкретни мерки за отстранување на бирократските трошоци за големи технолошки инвестиции.
Сегашние прописи кои го раздвојуваат финансискиот и индустрискиот капитал се оценети како застарени во новата ера на вештачката интелигенција, па се најавуваат институционални промени кои треба да овозможат побрз раст на технолоѓкиот сектор.
Слични новости
Цените на нафтата пораснаа на 60 долари
Цените на нафтата се искачија на 60 долари на меѓународните пазари во средата, што ја одразува нервозата на трговците кои се обидуваат да ги проценат можните последици од американската блокада на санкционираните танкери што се упатуваат кон Венецуела
Германската потрошувачка на енергија стагнира годинава
Потрошувачката на енергија во Германија ќе остане на минатогодишното ниво во 2025 година, со намалена побарувачка во хемиската индустрија и зголемено греење поради пониските температури, проценува група производители и специјализирани институти (AGEB)
Раст на европските берзи, азиските закрепнуваат по дводневниот пад
На европските берзи, цените на акциите пораснаа во средата во претпладневното, надоместувајќи ги вчерашните загуби, но тргувањето е претпазливо, исто како и на Волстрит претходниот ден


