Англиските медиуми пишуваат дека менаџерот на Мачестер сити Пеп Гвардиола сака да го засили тимот во 2026, а за да ослободи средства во буџетот е подготвен да продаде тројца играчи. Станува збор за Савињо, Рико ЛУис и Оскар Боб.

Посебно добро може да се продаде бразилскиот репрезентативец Савињо, кој падна во втор план зад Рајан Шерки, Џереми Доку и Фил Фоден кои играат на слична позиција, а за него интерес покажува Тотенхем.

Лондонскиот тим сакаше да го купи Савињо уште летоска, но Манлчестер сити за бразилскиот напаѓач бараше огромно обештетување од 80 милиони фунти.

Желбата на сити во јануарскиот преоден рок е Антоан Семењо чија откупна клаузула на Борнмаут е 65 милиони фунти.

 

Слични новости

Лејкерс славеа во Феникс

Лејкерс славеа во Феникс

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостински терен против Феникс Санс со 116:114 и го задржаа четвртото место на Западот