Актерот Питер Грин (60) познат по улогите на негативен лик во филмовите  „Pulp fiction“ и „Mask“ почина во неговиот дом во Њујорк, соопшти неговиот менаџер, а причината за смртта сеуште не е објавена, пренесува американската телевизија Ен Би Си.

Грин стекна репутација на актер главно играјќи негативец, а особено останаа запаметени неговите улоги на Зед во „Pulp fiction“ на Квентин Тарантино и Доријан во филмот „Маска“ со Џим Кери.

Питер Грин беше роден на 8 октомври 1965 во Монтклер Њу Џерси, а актерската кариера ја започна во дваесеттите години во Њујорк.

 

Слични новости

На Евросонгот 2026 во Виена ќе учествуваат 35 земји

На Евросонгот 2026 во Виена ќе учествуваат 35 земји

Триесет и пет земји ќе се натпреваруваат на следниот Евровизиски натпревар во Виена, објави во понеделникот Европската радиодифузна унија (EBU), по одлуката на голем број земји да го бојкотираат настанот откако на израелски учесник му беше дозволено да учествува

За смртта на Роб Рајнер и сопругата осомничен синот

За смртта на Роб Рајнер и сопругата осомничен синот

Синот на филмскиот режисер и актер Роб Рајнер е уапсен под обвинение за убиство откако режисерот и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивниот дом во Лос Анџелес, изјави во понеделникот полициски функционер

Зоотопиа 2 стана најуспешен холивудски блокбастер за 2025 за само 18 дена

Зоотопиа 2 стана најуспешен холивудски блокбастер за 2025 за само 18 дена

Една од причините за фантастичниот успех на „Зоотопиа 2 “ е пазарот во Кина каде што филмот надмина заработка од 500 милиони долари. Филмот е сеуште прва на американскиот Бокс Офис и се очекува да продолжи со огромната заработка.