Граничниот премин Евзони од денеска во 11:00 часот е затворен за сообраќај, информира АМСМ. Засега нема информации кога ќе биде повторно отворен преминот.
Граничниот премин изминативе денови постојано се затвара за сообраќај поради масовните протести на грчките земјоделци кои со трактори ги блокираат граничните премини на Грција кон соседните земји.
Според АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Слични новости
Граничниот премин Богородица вечерва затворен за секаков тип возила
Од 18:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е затворен за секаков тип на возила, информираат од АМСМ
САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија
. Сакам да ја поздравам соработката меѓу САД и Македонија во зајакнување на инстуциите, промовирање на економската соработка, и испорачување резултати за граѓаните, порача американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер
Апелација ја зголеми затворската казна на Васил Јованов за усмртувањето на Фросина Кулакова
Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“


