Американската компанија Енвидија ги извести кинеските клиенти дека ќе го зголеми производството на своите моќни чипови за вештачка интелигенција Х200.
Извори запознати со ситуацијата наведуваат дека ситуацијата е настаната откако нарачките го надминале актуелното ниво на капацитетот на технолошкиот гигант Енвидија, пренесе телевизијата Си Ен БИ Си.
Во врска со ова американскиот претседател Доналд Трамп порача дека владата во Вашингтон ќе и дозволи на Енвидија да ги извезува во Кина процесорите Х 200, своите втори најбрзи чипови од вештачката интелигенција, но дека за таквата продажба на Кина, на државата же мора да и плаќаат надомест од 25 насто од продажната вредност на чиповите.
Слични новости
Цените на нафтата во благ пораст, но и натаму со неделен пад од околу 3 насто
Цените на нафтата се во благ пораст, но и натаму се со неделн пад од околу 3 насто, пред се поради неочекуваниот вишок глобални залихи на нафта.
Спејс Икс на Илон Маск се подготвува да стане највредна компанија во светот
Вселенската компанија „Спејс Икс“ на Илон Маск се подготвува да достигне фантастична вредност од 800 милијарди долари, со што би станала неприкосновен лидер меѓу приватните компании на глобално ниво, пишува „Њујорк тајмс“.
Биткоинот порасна за 2,19 насто на 78.465 евра
Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа во категоријата 29 “страв’ исто како и вчера, што укажува дека атмосферата на пазарот на криптовалутите е и натаму лоша, а вложувачите се главно внимателни и одбегнуваат ризик.


