Вселенската компанија „Спејс Икс“ на Илон Маск се подготвува да достигне фантастична вредност од 800 милијарди долари, со што би станала неприкосновен лидер меѓу приватните компании на глобално ниво, пишува „Њујорк тајмс“.
Весникот пишува дека до скокот на вредноста на компанијата ќе дојде поради продажбата на инсајдерски акции по цена од 421 долар по акција. Овој потег ќе ја промовира компанијата на Маск далеку над проценката на Опен АИ, гигантот во областа на вештачката интелигенција чија вредност е проценета на околу 500 милијарди долари.
„Спејс Икс“ најавува подготовки и за можна понуда во текот на наредната година што дополнително би можело да ја подигне вредноста на компанијата.
Слични новости
Цените на нафтата во благ пораст, но и натаму со неделен пад од околу 3 насто
Цените на нафтата се во благ пораст, но и натаму се со неделн пад од околу 3 насто, пред се поради неочекуваниот вишок глобални залихи на нафта.
Енвидија ги извести кинеските клиенти дека ќе го зголеми производството на чипови Х200 за вештачка интелигенција
Американскиот претседател Трамп порача дека владата во Вашингтон ќе и дозволи на Енвидија да ги извезува во Кина процесорите Х 200, своите втори најбрзи чипови од вештачката интелигенција
Биткоинот порасна за 2,19 насто на 78.465 евра
Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа во категоријата 29 “страв’ исто како и вчера, што укажува дека атмосферата на пазарот на криптовалутите е и натаму лоша, а вложувачите се главно внимателни и одбегнуваат ризик.


