Денеска во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П.(41) и Д.М.(64), кој го управувал леталото.
Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување помош.
-Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото, информира МВР.
Слични новости
Пронајдено тело на жена која претходно била пријавена за исчезната во близина на Гостивар
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде што беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка.
Најстудено утрово во Берово
Најстудено утрово е во Берово, четири степени под нулата
МВР: „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1 февруари во Скопје, Тетово Куманово и по коридорите 8 и 10
Одложувањето доаѓа поради потребата од дополнително тестирање и калибрација.Досегашното тестирање покажа дека дел од камерите не регистрираат прекршувања, особено на автопатите


