Во Сакраменто, домашните Кингс беа убедливо поразени од Денвер Нагетс со резултат од 136:105. Гостите ги предводеше српскиот центар Никола Јокиќ со 36 поени, 12 скока и осум асистенции.

Хрватскиот кошаркар Ивица Зубац постигна 33 поени со само еден промашен шут од поле, но ЛА Клиперс беа поразени на гостински терен од Хјустон Рокетс, кои победија со 115:113. Со 33 коша, Зубац го израмни најдобриот учинок во сезоната, а за 34 и пол минути промаши само еден шут од поле (13/14). Покрај тоа, хрватскиот центар имаше седум скока, два блока, една асистенција, една украдена топка и една изгубена топка.

Хјустон до победата го предводеа Алперен Сенгун со 22 поени и 15 скока и Амен Томпсон со 20 поени, девет скока и осум асистенции.

Њу Орлеанс Пеликанс ги победија Портланд Треил Блејзерс убедливо со 143:120 во нивниот домашен терен.

Резултати од НБА, 11.12.
Хјустон Рокетс – ЛА Клиперс 115:113
Њу Орлеанс Пеликанс – Портланд Треил Блејзерс 143:120
Сакраменто Кингс – Денвер Нагетс 105:136
Милвоки Бакс – Бостон Селтикс 116:101

globe

Слични новости

Паоло Дибала се враќа во Аргентина

Паоло Дибала се враќа во Аргентина

Најзаинтересирана за Дубала е Бока јуниорс, а и самиот Дибала сака да игра за славниот клуб на еден од најпознатите стадиони во светот „Бонбоњера“.

Победи на Реал и Милан во Евролигата

Победи на Реал и Милан во Евролигата

Во 15-то коло од кошаркарската Евролига, Реал Мадрид ја победи Басконија со 94:87, а Марио Хезоња го предводеше „Кралскиот клуб“ со 17 поени, четири скока и три асистенции