На листата на 100 најмоќни жени во светот за 2025 година на угледниот американски магазин Форбс на прво место е претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во образложението на уредничкиот колегиум се наведува дека таа е првата жена на оваа позиција која е одговорна за законодавството и владата на 450 милиони Европјани.
На второ место на листата е претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, а на третото место е јапонската премиерка Санае Такаичи, која е прва премиерка во историјата на Јапонија.
На листата се и некои славни личности, како пејачката Тејлор Свифт и водителката Опра Винфри.
Слични новости
Вим Вендерс на чело на жирито на 76-то Берлинале
Германскиот режисер Вим Вендерс ќе го предводи жирито на Берлинале во февруари, објави во петокот директорката на фестивалот Триша Татл
Концерт на Влатко Стефановски во Белград
Влатко Стефановски во неговата кариера која трае половина век, со групата „Леб и сол“, но и со соло настапите, се покажа како извонреден инструменталист, пишува белградска „Политика“.
Кралското семејство во Британија веќе нема да може бесплатно да присуствува на спортски настани
Станува збор за симболично, но упадливо понижување, членовите на семејството Виндзор да останат без досегашните почести и да мораат да плаќаат билети за спортски настани.


