Милан во претстојниот зимки преоден рок за фудбалерите ќе инсистира да ја зајакне напаѓачката линија на својот тим, а судејќи според написите во италијанските медиуми, полскиот репрезентативец Роберт Левандовски е најпосакуваната опција на „Росонерите“ во моментов.

Во оваа смисла, Милан сака да направи размена со Барселона. Италијанскиот тим би го испратил францускиот напаѓач Кристофер Нкунку на „Камп Ноу“, а сака Левандовски да замине во спротивна насока.

Италијанците тврдат дека постојат две многу силни врски што би можеле да ја исполнат оваа размена. Првата е дека истиот агент ги претставува овие двајца играчи, што секако може да биде олеснителна околност во сè, а втората е дека Левандовски е сè поретка опција во Барселона за напаѓач во почетната постава а предност сѐ почесто има Феран Торес. Сепак, според шпанските медиуми, Полјакот не е премногу заинтересиран за овој потенцијален јануарски договор.

Големиот подем на 37-годишниот Левандовски започна во 2010 година кога се приклучи на Борусија Дортмунд. Потоа го носеше дресот на Баерн од 2014 година, а во Барселона е од 2022 година. Тој одигра 115 лигашки натпревари за каталонскиот клуб и веќе постигна 77 голови.

Нкунку, девет години помлад, играше одлично за РБ Лајпциг меѓу 2019 и 2023 година, но потоа бројните повреди го забавија неговиот развој и тој не остави длабок белег во Челзи и Милан, чиј член е од оваа година.

Милан и актуелниот шампион Наполи моментално се водат на табелата во Серија А со 31 бод. Интер е еден бод зад него.

globe

Слични новости

Победи на Реал и Милан во Евролигата

Победи на Реал и Милан во Евролигата

Во 15-то коло од кошаркарската Евролига, Реал Мадрид ја победи Басконија со 94:87, а Марио Хезоња го предводеше „Кралскиот клуб“ со 17 поени, четири скока и три асистенции

Спарс и Тандер во полуфиналето на НБА Купот

Спарс и Тандер во полуфиналето на НБА Купот

Сан Антонио Спарс синоќа ги победија Лос Анџелес Лејкерс во четвртфиналето на НБА Купот, а во полуфиналето ќе играат против Оклахома Сити Тандер, кои беа подобри од Феникс Санс