Фудбалерите на Манчестер сити вечерва победија на стадионот „Сантјаго Бернабе“ со 2:1 против Реал Мадрид.

Домаќините беа подоброи на почетокот од натпреварот и поведоа со голот на Родриго во 28-та минута.

Но, потоа следеше страотен одговор на Сити и пресврт.

Најпрвин во 35-тата минута изедначи О’ Рајли, а потоа Рудигер направи пенал врз Халанд, кој Норвежанецот го претвори во водство на сити од 2:1.

Во второто полувреме се играше отворено на двете страни, Реал Мадрид имаше подобри прилики и една статива, но сити ја задржа предноста од првото полувреме.

По поразот од Селта во неделата и вечерашниот пораз од Манчестер сити, големи се шансите Реал Мадрид да го смени тренерот Чаби Алонсо. кој беше принуден вечерва да игра без 6-7 стандардни првотимци. 

Слични новости

Победи на Реал и Милан во Евролигата

Победи на Реал и Милан во Евролигата

Во 15-то коло од кошаркарската Евролига, Реал Мадрид ја победи Басконија со 94:87, а Марио Хезоња го предводеше „Кралскиот клуб“ со 17 поени, четири скока и три асистенции

Милан го нуди Нкунку за Левандовски

Милан го нуди Нкунку за Левандовски

Милан во претстојниот зимки преоден рок за фудбалерите ќе инсистира да ја зајакне напаѓачката линија на својот тим, а судејќи според написите во италијанските медиуми