Бразилски Фламенго се пласираше во полуфиналето на Интерконтиненталниот куп откако го победи мексиканскиот претставник Круз Азул со 2:1 во четвртфиналето играно во во Ал Раијан.

Натпреварот се одигра пред само 7.000 гледачи на стадионот „Ахмад бин Али“ во Ал Раијан, кој инаку има капацитет од 45.000.

 

Фламенго поведе во 15. минута со голот на Џорџијано Де Араскаете, Хорхе Санчез израмни во 41. минута, а Де Араскаете ја донесе победата на бразилскиот тим постигнувајќи го својот втор гол на натпреварот во 71. минута.

Фламенго ќе игра во полуфиналето, на 13 декември, на истиот стадион против египетскиот клуб Пирамидс. Инаку, актуелниот африкански шампион го победи фаворизираниот саудиски Ал-Ахли со 3:1 во четвртфиналето играни на 23 септември.

Победникот од бразилско-египетската пресметка ќе се пласира во финалето, каде што ќе се соочи со ланскиот победник во европската Лига на шампионите, Париз Сен Жермен, на 17 декември.

Интерконтиненталниот куп на ФИФА е годишно клупско натпреварување организирано од ФИФА и во кое учествуваат актуелните шампиони на сите шест конфедерации (УЕФА, КОНМЕБОЛ, КОНКАКАФ, АФЦ, КАФ, ОФЦ), при што европскиот шампион директно се квалификува за финалето, додека другите играат во меѓуконфедерациски плејоф натпревари за да се одреди предизвикувачот за финалето.

globe

Слични новости

Победа на Ливерпул, во тимот се врати Салах

Победа на Ливерпул, во тимот се врати Салах

Фудбалерите на Ливерпул на својот „Енфилд“ го победија Брајтон со резултат 2:0. Арне Слот реши и денеска да го изостави Мохамед Салах од стартната постава, но брзо го воведе во игра, откако во првото полувреме се повреди Џо Гомез

Филаделфија ја победи Индијана со 39 коша на Џоел Ембид

Филаделфија ја победи Индијана со 39 коша на Џоел Ембид

Камерунскиот центар Џоел Ембид сезонава за прв пат одигра добро и постигна 39 коша и 10 скокови во победата на Филаделјфија против Индијана 115:105. Своја најдобра партија во дресот на Филаделфија сезонаваимаше и ветеранот Пол Џорџ кој постигна 23 поени