Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави нов институционален чекор за одбрана на земјата од, како што вели, веќе договорениот прием на мигранти во Македонија.

По започнатата петиција, СДСМ најавува дека до Собранието ќе поднесат резолуција за заштита на државните интереси. Доколку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржат, партијата најави одржување голем народен протест.

Филипче изјави дека е „очигледно“ оти договор за мигрантите постои, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ мора да го потпише бидејќи тоа е поврзано со добивањето на кредитот од шест милијарди евра. Тој тврди дека буџетот има недостиг од една милијарда евра до крајот на годината.

Филипче најави дека неговата партија овие денови ќе ја подготви и ќе ја достави резолуцијата до Собранието и ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат.

„Дали Македонија, земја која не може да исплати плати, да одржи базичен ред дома, може да се справи со ваков наплив на мигранти? Дали економски ова може да се издржи? Затоа ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат резолуцијата. Така ќе избегнеме ‘мислевме, рековме, кој лаже, кој не лаже’. И тоа ќе биде доволно, а не да им веруваме на празните зборови, туку да има потписи“, рече тој.

globe

Слични новости

Филипче: Мицкоски подготвува избори за да го протне проектот „Мигранти за пари“

Филипче: Мицкоски подготвува избори за да го протне проектот „Мигранти за пари“

Премиерот Христијан Мицкоски под превезот на лаги го крие проектот „Мигранти за пари“ кој сака да го протне кај граѓаните пред изборите кои ги планира на пролет, обвини денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче

Истекува рокот за кандидирање на повторените избори во четири општини – Бејта и Лимани во трка за Гостивар

Истекува рокот за кандидирање на повторените избори во четири општини – Бејта и Лимани во трка за Гостивар

Ноќеска на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за повторните локални избори за градоначалници во четири општини во кои не се избраа градоначалници на редовните избори поради недоволна излезност на гласачите