Цената на среброто се искачи на над 60 долари по унца, поради најавите за претстојното намалување на каматните стапки на Американските федерални резерви, што ја зголеми побарувачката за сребро.

Каматните стапки се на линија што ги фаворизира племенитите метали, иако податоците за зголемувањето на бројот на вработените не ја даваат вистинската слика на среднорочните економски изгледи, пренесува Трејдинг економикс.

Во меѓувреме, индустриската побарувачка за среброто нагло порасна, пред се за потребите на соларните панели, електирчните возила и електрониката.

Од друга страна, производството во рудниците не успева да ја следи потрошувачката што создава дефицит на сребро.

Слични новости

Европските и азиските инвеститори претпазливи пред одлуките на Fed

Европските и азиските инвеститори претпазливи пред одлуките на Fed

На европските берзи се тргуваа претпазливо во средата претпладнето, како и на азиските берзи, додека инвеститорите чекаат одлуки и пораки од состанокот на американската централна банка за каматните стапки

Претпазливост на Волстрит пред одлуките на Fed

Претпазливост на Волстрит пред одлуките на Fed

На Волстрит берзанските индекси во вторникот забележаа само мали придвижувања, бидејќи инвеститорите се претпазливи пред објавувањето на одлуките од состанокот на челниците на американската централна банка