ФИФА објави дека сите натпревари на Светското првенство следната година ќе имаат триминутна пауза во средината на секое полувреме за играчите да се хидрираат, без оглед на временските услови.

 

„На секој натпревар, без оглед каде се игра, на отворено или под покрив, ќе се користи пауза за хидратација. Судиите ќе го прекинат натпреварот по 22 минути во секое полувреме. Секако, ако има пауза поради повреда на играч во 20-та или 21-ва минута и таа е продолжена, тогаш во договор со судијата паузата може да се користи во тој момент. Користењето паузи за хидратација е дел од напорите да им се обезбедат на играчите најдобри можни услови, со оглед на искуството од претходните натпреварувања“, објави ФИФА по состанокот со носителите на телевизиските права.

globe

Слични новости

ЛШ: Прва победа на Ајакс, Арсенал максимален

ЛШ: Прва победа на Ајакс, Арсенал максимален

Во дербито на шестото коло од Лигата на шампионите, Манчестер Сити го победи Реал Мадрид со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“, пробивајќи се на четвртото место на табелата, а лидерот Арсенал ја забележа својата шеста победа откако го победи Клуб Бриж со 3:0 на гости