Милан се врати на врвот на табелата во италијанското првенство по големиот пресврт во последниот натпревар од 14-то коло одигран во понеделникот вечерта, како гостин победувајќи го Торино со 3:2.
Никола Влашиќ му донесе водство на Торино во 10. од пенал, што беше негов трет гол во лигата оваа сезона, а во 17. минута истрча 50 метри со топката в нозе пред да го помине Запата, кој потоа со прецизен удар откосо го зголеми резултатот на 2:0.
Сепак, во 24. минута Рабио постигна еврогол за намалување на резултатот на 1:2, а клучен играч во остатокот од натпреварот беше американскиот напаѓач Пулишиќ, кој влезе во игра во 66. а потоа беше прецизен во 67. и 77. минута за целосен пресврт на натпреварот.
Милан сега има 31 бод, како и Наполи, еден повеќе од третопласираниот Интер. Торино останува на 16-то место со 14 бода, како и Каљари, Џенова и Парма, кои се меѓу 13-то и 15-то место.
Претходно во понеделникот во претпоследниот натпревар од 14-то коло, Џенова оствари вредна победа на гостински терен во борбата за опстанок, победувајќи го Удинезе со 2:1.
Малиновски во 34. минута од пенал ѝ донесе водство на Џенова, Пјотровски во 65. минута успеа да израмни, но Нортон-Кафи во 83, минута им ги обезбеди трите бода на гостите во завршницата.
Џенова сега е 14-та со 14 бода, како и 13-от Каљари, а 18-та Пиза, која е во зоната за испаѓање, заостанува четири бода. Удинезе е 11-ти со 18 бода.
Слични новости
Пресврти на Барса, Аталанта, Атлетико и Баерн, Ливерпул победи во Милано
Фудбалерите на Барселона, Аталанта, Атлетико го надминаа почетното заостанување и остварија победи над Ајнтрахт (2:1), Челзи (2:1) и ПСВ (2:3) во 6. коло од Лигата на шампионите, додека Ливерпул го победи Интер на „Сан Сиро“ со минимални 1:0
НБА: Розиер се изјасни за невин по обвиненијата за спортско обложување
Играчот на Мајами Хит, Тери Розиер, кој е обвинет за федерална измама со електронски средства и перење пари, како и за неговата улога во нелегална шема за спортско коцкање, се изјасни за невин пред федералниот суд во Њујорк
Победи на Спарс, Пејсерс и Санс
Синоќа се одиграа три натпревара во НБА лигата, во кои победија Сан Антонио Спарс, Индијана Пејсерс и Финикс Санс


