Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани.

„Маршот за ангелите“ започна во 14:05 часот, а колоната тргна од Паркот на револуцијата, помина низ централното градско подрачје, покрај Управата за јавни приходи и полициската станица, и заврши пред Основниот суд, каде родителите уште еднаш ги повторија своите барања за правда и одговорност.

Учесниците на маршот беа гласни дека очекуваат судење базирано на факти, а не, како што рекоа, на поетски метафори и реторика.

„Дали судницата се претвори во Струшки вечери на поезијата? Дали таму се оди за рецитирање или за вистина? Дали зборовите треба да ја покријат смртта на нашите деца? Според тоа што го слушаме, може да се помисли дека деца не загинале, дека пожар немало, дека никој не е виновен, дека трагедијата била случајна. Но вистината е сурова – нашите деца изгореа живи, во чад и паника, со крикови кои никој на време не ги слушна“, рече Александар Наунов, родител на девојка загината во „Пулс“.

Тој потсети дека Обвинителството поседува повеќе од 200 гигабајти доказен материјал – снимки, разговори, извештаи, вештачења и анализи.

Родителите најавија дека маршевите ќе продолжат и дека ќе го следат секое рочиште, „сè додека правдата не излезе на виделина“.

„Овој марш е за државата да почне да функционира, за институциите да не бидат празна форма, а функциите – само плата, туку и обврска“, истакна Наунов.

Во тек е судската постапка за пожарот во „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Сите 35 обвинети физички лица се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а обвинетите компании ги отфрлаат наводите во обвинението.

globe

Слични новости

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија