Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши својот поранешен шеф на кабинетот, Андриј Јермак, од Советот за национална безбедност, во екот на обемната истрага за корупција што го потресе Киев, јави германската новијска агенција dpa.

Јермак повеќе не е ниту член на врховната команда на украинските вооружени сили, покажуваат две претседателски уредби објавени вчера.

Јермак, долгогодишен сојузник на украинскиот претседател, поднесе оставка од функцијата шеф на кабинетот на Зеленски минатата недела, откако антикорупциските власти извршија претреси во неговите простории.

Сè уште не е јасно дали претресите се поврзани со аферата што се опишува како најголема корупциска афера во земјата од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, а која вклучува наводно мито во врска со енергетски набавки.

Јермак, исто така, беше главен преговарач од страна на Киев за прекин на војната. Оваа позиција сега ја зазема поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров.

Јермак беше на чело на претседателската администрација од февруари 2020 година и важеше за втора највлијателна личност во Украина. Набљудувачите го гледаат неговото принудно заминување како сериозен удар за Зеленски, кој загуби долгогодишен доверлив советник.

globe

Слични новости

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков