Стриминг гигантот „Netflix“ објави во петокот дека постигнал договор со„ Warner Bros. Discovery“ за купување на филмски и телевизиските студија, вклучувајќи ја и платформата HBO Max.
Стриминг пионерот на тој начин ќе стане сопственик на една од најпочитуваните и најстарите холивудски телевизиски компании во трансакција вредна 72 милијарди долари.
„Нашата мисија отсекогаш била да го забавуваме светот“, изјави со-извршниот директор на „Netflix“, Тед Сарандос.
„Со комбинирање на неверојатната библиотека на серии и филмови на ‘Warner Bros’, од безвременски класици како ‘Казабланка’ и ‘Граѓанинот Кејн’ до модерни хитови како ‘Хари Потер’ и ‘Пријатели’, со нашите наслови што ја дефинираат модерната култура како ‘Stranger Things’, ‘KPop Demon Hunters’ и ‘Squid Games’, ќе можеме да ги забавуваме луѓето уште подобро“, додаде Сарандос.
Аналитичарите веруваат дека „Netflix“ сака да ги обезбеди правата за популарни серии и филмови на долг рок и да нарачува помалку содржина од надворешни студија, а истовремено да се прошири во игри и да бара нови извори на раст, по неуспешните обиди за сузбивање на споделувањето лозинки.
Акциите на популарната стриминг услуга се зголемија за 16 отсто само оваа година, откако скокнаа за повеќе од 80 отсто во 2024 година. Инвеститорите, од друга страна, стравуваат дека нејзиниот вртоглав раст би можел да забави, потсетувајќи дека повеќе не го објавува бројот на претплатници.
Купувањето на „Warner Bros.“ би ги зајакнало и нивните инвестиции во игри, бидејќи WBD е меѓу ретките компании кои имаа големи успеси и во тој сектор, вклучувајќи ја и видео играта за Хари Потер „Hogwarts Legacy“, која генерираше приходи во износ од повеќе од милијарда долари.
Регулаторите во Европа и САД веројатно темелно ќе ја „прочешлаат“ трансакцијата за да проверат дали ќе ја наруши фер конкуренцијата, бидејќи најголемата стриминг услуга во светот треба да стане сопственик на конкурент кој е сопственик на HBO Max и има речиси 130 милиони претплатници на стриминг, проценува Reuters.
Слични новости
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија
Почина американски архитект Френк Гери
Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст
Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа
Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година


