Рускиот претседател Владимир Путин, кој се сретна со индискиот премиер Нарендра Моди во петокот Њу Делхи, изјави дека Москва ќе продолжи да „испорачува нафта без прекин“ во Индија.

„Русија сигурно снабдува нафта, гас, јаглен и сè друго што е потребно за енергетскиот развој на Индија“, рече Путин.

„Подготвени сме да продолжиме со непрекинато снабдување со нафта за брзорастечката индиска економија“, рече рускиот претседател,додека индискиот премиер Моди се соочува со притисок од САД да престане да купува руски нафтени производи наводно поради војната во Украина.

Двајцата челници на нуклеарно вооружените земји, кои одржуваат блиски економски, дипломатски и воени врски уште од периодот на Студената војна, се сретнаа во индискиот главен град во четврток вечерта. Моди го простре црвениот тепих за својот гостин, лично пречекувајќи го на аеродромот во Њу Делхи и организирајќи приватна вечера.

Во петокот, тој му се заблагодари на рускиот претседател за неговата „непоколеблива посветеност на Индија“ и потврди дека „енергетската безбедност е силен столб на партнерството меѓу Индија и Русија“.

Иако ја спомена цивилната нуклеарна енергија, Моди не спомена повеќе фосилни горива, забележува Reuters.

„Се договоривме за економска соработка до 2030 година“, рече индискиот премиер по потпишувањето договори во секторите за здравство, превоз и хемија.

Се очекува и соработка во други сектори, особено во вооружувањето, бидејќи Њу Делхи е еден од најголемите купувачи на оружје во светот.

Русија и Индија, исто така, ќе ги преобликуваат своите одбранбени врски за да се прилагодат на стремежот на Њу Делхи за самоодржливост, соопштија двете земји во заедничка изјава во петокот по самитот на челниците.

„Како одговор на стремежот на Индија за самоодржливост, партнерството во моментов се преориентира кон заедничко истражување и развој, како и производство на напредни одбранбени платформи“, се вели во соопштението.

Во четвртокот навечер, Моди го опиша Путин како „вистински пријател“ и изрази оптимизам за мирно решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина предизвикан од руската инвазија на 24 февруари 2022 година. „Сите треба да најдеме пат назад кон мирот“, рече тој.

„Ви благодарам за вашите напори да пронајдете решение за оваа ситуација“, одговори рускиот претседател, пофалувајќи ги и „историски длабоките“ односи и „многу високото ниво на доверба во воената и техничката соработка“ меѓу Њу Делхи и Москва.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе