Кремљ во петокот соопшти дека Русија и Соединетите држави постигнуваат добар напредок во мировните преговори за Украина и дека Москва е подготвена да продолжи да работи со сегашниот американски преговарачки тим.

Претседателот Владимир Путин во вторник вечерта одржа петчасовни разговори со двајцата претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, за време на кои тој прифати некои елементи од мировниот план изготвен од САД но не и другите, според Кремљ.

 Потоа Путин го повтори барањето на Русија за целосна контрола врз украинскиот регион Донбас, велејќи дека Москва ќе ја преземе целонсата контрола врз регионот со сила ако украинските трупи не се повлечат.

Американскиот претседател Доналд Трамп, чии напори за завршување на војната досега не донесоа напредок, рече дека состанокот оваа седмица бил „прилично добар“, но дека патот до решение останува нејасен.

Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, кој учествуваше во разговорите во вторник, во петокот за воениот телевизиски канал Звезда изјави: „Според мене, постигнуваме напредок во главните преговори во кои е вклучен нашиот претседател. Ова е охрабрувачко и ние сме подготвени да ја продолжиме соработката со овој американски тим“.

Руската новинска агенција РИА го цитираше Ушаков, кој рече дека Кремљ чека „реакција на нашите американски колеги“ на разговорите во вторник.

Американската страна ја предводеше претставникот на Трамп, Стив Виткоф кој веќе шест пати престојуваше во Москва од почетокот на годината, а првпат беше придружуван од зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.

Украина сака итен прекин на огнот и го обвинува Путин дека се преправа дека е заинтересиран за мировни преговори, додека ја продолжува војната. Во исто време, Киев стравува дека Трамп и Путин би можеле да постигнат договор што би ја принудил Украина во исклучително неповолни услови и би ја оставил ранлива на нови идни руски напади.

Украина сака „вистински мир, а не помирување“ со Русија, изјави нејзиниот министер за надворешни работи во четвртокот.

Русија тврди дека е сериозна во врска со завршувањето на војната, но дека ќе ги постигне своите цели со воени средства ако не може да ги постигне преку дипломатија.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе